Јанис и дефинитивно летово заминува од Милвоки

Двократниот МВП на НБА лигата Јанис Адетокумбо е подготвен да размисли за промена на средината и заминување од Милвоки Бакс ова лето, тврдат американските медиуми.

Новинарот на „ЕСПН“, Шемс Чаранија, вели дека Гркот сè уште не донел одлука, но дека претставниците на Бакс ќе се сретнат со неговиот агент. На сето тоа му претходеше уште една разочарувачка сезона за тимот од Милвоки.

Јанис повторно импресионираше на лично ниво, но ситуацијата на тимски план во Висконсин не е едноставна. Милвоки во претходните години остана без голем број пикови поради трејдовите што ги направи, а тимот е далеку од потребното ниво и посакуваната цел – освојување на нова титула.

Јанис беше МВП на НБА две последователни сезони, пред Бакс да го освои шампионскиот прстен во 2021 година.

Се вчитува...