Веќе некое време се шпекулира дека грчката суперѕвезда Јанис Адетокумбо би можела да бара нова средина, а сега е познато дека таков исход е речиси неизбежен. Двократниот МВП е подготвен за ново поглавје во својата кариера, а Бакс се свртеа кон ривалите кои сакаат да слушнат понуди пред крајниот рок за размена на 5 февруари.
Другите франшизи веднаш се фатија за работа на агресивен начин, а телефонот во Висконсин ѕвони без прекин, објави инсајдерот на ESPN, Шамс Чаранија. Доколку договорот не се постигне до почетокот на следниот месец, разделбата од досега нераскинливата врска ќе се случи во следната предсезона, која започнува на лето.
Јанис му донесе на Милвоки прстен во 2021 година и со тоа ја прекина сушата од точно половина век.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

