Јанис ќе ја предводи Грција на квалификацискиот турнир за ЛОИ

Селекторот на Грција, Василис Спанулис ги избра 12 играчи за квалификацискиот турнир во Атина, по што ќе биде познато која селекција ќе оди на Олимписките игри во Париз.

Првата ѕвезда на тимот е Јанис Адетокумбо, а покрај него во тимот се: Томас Волкап, ЈанулисЛаренцакис, Димитрис Мораитис, Василис Толипулос, Ник Калатес, Панајотис Калаицакис, Јоргос Папајанис, Василис Хараломпопулос, Костас Адетокумбо и Динос Митоглу.

Грција е во група со Египет и Доминиканската Република. Тие вкрстуваат со Словенија, Хрватска и Нов Зеланд. Во Париз оди само победникот од Атина.

Се вчитува...