Твитер налогот на ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо бил хакиран и на истиот биле објавени навредливи твитови. Грчкиот интернационалец во четвртокот бил мета на напад на хакери, а покрај твитер налогот му биле пробиени и мејловите и банкарските сметки. Во периодот на нападот имало објавено неколку непримерни твитови за Стеф Кари, Леброн Џејмс и починатиот Коби Брајант.
Твитовите веднаш по објавата се избришани, а од Милвоки објавија дека е во тек истрага околу овој нелегален чин поради кој Гркот привремено остана без пристап на сопствените социјални мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА