Јанис најави мега-трејд во НБА? „Не сме тим, овие момци се себични“

Милвоки Бакс играат нова разочарувачка сезона во НБА лигата. Незадоволството на најголемата ѕвезда во тимот, Јанис Адетокумпо расте од натпревар во натпревар, а се чини дека кулминираше по поразот од Оклахома во последниот натпревар.

Грчкиот репрезентативец јавно ги критикуваше своите соиграчи за кои вели дека не го негуваат тимскиот дух и играат „за себе“.

„Не играме за да победиме, не играме заедно. Немаме хемија, овие момци се себични. Секој бара да шутне, а никој не гледа кој е „вистинскиот“ шут за тимот. Секој си гледа за себе“, изјави Адетокумпо.

Со оваа изјава ѕвездата дополнително ги „разгоре“ гласините за нов мега-трејд со кој тој конечно би се оддалечил од тимот за кој настапува од 2013 година.

Се вчитува...