Јанис Адетокумпо, но и навивачите на Милвоки нема да бидат задоволни по последните трансфер вести во НБА лигата кои го следат еден од најважните кошаркари во историјата на оваа франшиза, Крис Миделтон во Вашингтон Визардс.
Покрај Миделтон на пат кон главниот град на Соединетите американски држави заминува и Еј-Џеј Џонсон, а во Висконсин ќе пристигнат Кајл Кузма и Патрик Волдвин.
Миделтон ги помина последните 12 години во Милвоки запишувајќи го своето име во историјата на клубот. Покрај тоа што стана шампион, а и го освои Купот тој е втор на листата на кошаркари со најголем број на одиграни натпревари (735), трет по бројот на постиганти поени (12.586), прв кога станува збор за обидите за три поени (1.382 погодени обиди), трет по асистенции (2.990), петти „крадец“ (870 украдени топки) и седми „скокач“ (3.598).
BREAKING: Milwaukee Bucks are trading three-time All-Star Khris Middleton to the Washington Wizards for Kyle Kuzma, league sources tell me. pic.twitter.com/RghGRTr56b
— Chris Haynes (@ChrisBHaynes) February 5, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

