Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, ќе отсуствува најмалку една недела поради повреда на левото колено, објави ESPN. Гркот се повреди пред три дена во натпреварот против Индијана (134:123) кога незгодно слета по забивање и го повреди левото колено.
Милвоки објави дека на грчкиот кошаркар му е дијагностицирана хиперекстензија и модринка. Адетокумбо досега оваа сезона во НБА има просек од 27,6 поени, 9,8 скока и 5,4 асистенции по натпревар.
Тренерот на Милвоки, Док Риверс, одби да одговори на прашањето колку долго Адетокумбо ќе отсуствува по натпреварот против Кливленд (116:123) .
Кошаркарите на Милвоки се наоѓаат на 11-то место на табелата во Источната конференција на НБА со 28 победи и 40 порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

