Јанков ја напушта Политехника Јаши, два клуба од ПМФЛ заинтересирани за него

Некогашниот репрезентативен голман Ристо Јанков, во јануари заминува од романски Политехника Јаши. Иако неговиот договор е до крајот на сезоната, сепак, некогашниот чувар на мрежата на Работнички се најде на листата на оние кои ќе заминат од романската екипа.

Јанков потекнува од Работнички, а во 2022 година направи трансфер во Каспих од Казахстан, за шест месеци подоцна да се приклучи на Политехника. Оваа сезона има само еден настап во Суперлигата на Романија, и токму од тука ќе си бара нова средина.

25-годишниот голман е пред „кам-бек“ во Македонија. Во јунскиот преоден рок Гостивар беше силно заинтересиран за него, и сега ќе се обиде да го ангажира. Исто така и Шкупи е во опција за некогашниот репрезентативец, кој беше дел од националниот тим на Македонија на ЕП 2021 година како трет голман.

Се вчитува...