Македонскиот пливач Јован Јанковски исплива со време на свој личен рекорд и на трката на 100 метри пеперутка на Светското првенство во 25-метарски базени кое се одржува во Будимпешта, Унгарија.
Јанковски денеска пливаше во третата квалификациски група, завршувајќи на осмото место меѓу десет пливачи во својата група со време од 55.08 секунди, што е подобро е неговото досегашна најдобро време во оваа дисциплина кое изнесуваше – 56.89 секунди.
На крајот, во вкупната конкуренција од 71 пливач во квалификациите на 100 метри пеперутка, Јановски заврши на 56-то место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА