Македонскиот пливач Јован Јанковски заврши на 65. место во конкуренција на 101 пливач во дисциплината 100 метри слободно на Светското првенство во 25-метарски базени кое се одржува во Будимпешта, Унгарија.
Јанковски во својата Група 4 исплива со време од 50.30 секунди, што е негово најдобро лично време, на крајот завршувајќи како второпласиран во групата. Во вкупната конкуренција заврши на 65. место од вкупно 101 пливач колку што се појавија на стартот на вкупно 11 натпреварувачки групи во оваа дисциплина.
За Јанковски на првенството останува уште настапот во дисциплината 100 метри – пеперутка.
Од останатите македонски претставници на Светското првенство, Сара Јанковиќ ја очекува уште настапот на 200 метри слободно, на 15 декември, а олимпиецот Никола Ѓуретановиќ ќе плива на 400 и 800 метри слободно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА