Одлично дерби се одигра на Националната Арена во Скопје, во кое Вардар и Струга ТЛ одиграа нерешено 2-2, и натаму останаа непоразени во првенството. Стружани имаа два пати водство, можеа и до три бода, но беа суровно казнети за фактот што не стигнаа до 1-3, па Јанкулов во финишот од средбата дојде до бод. Малески претходно имаше супер шанса да зголеми на два разлика, и се чини да ја донесе победата, меѓутоа откако не успеа, Вардарци го казнија ова промашување и дојдоа до бод, останувајќи непоразени веќе долго време.
Во 19. минута Буњамин Шабани успеа да донесе предност откако по асистенцијата на Фал, со глава го совлада Талески. Струга ТЛ можеше да има водство и порано, но Компаоре не успеа да реализира од одлична позиција.
Далеку поголеми возбудувања имаше во вториот дел, особено по досудениот пенал за Вардар. Судијата Стојанов најпрво покажа на белата точка по наводното играње со рака на Илиевски, а потоа доби повик од ВАР собата. И кога се чинеше дека Стојанов ќе го поништи ударот од 11. метри, тој го потврди. Мато шутираше, а Ангелети успеа да одбрани.
Меѓутоа не мина многу време кога Мато се извади за грешката. Со одличен гол, ја измеша одбраната на Струга ТЛ и успеа да погоди во голот на Ангелети за 1-1.
Струга ТЛ не се откажа од трите бода. Веднаш следуваше нов „шок“ за домашните. Шабани асистира до Компаоре на вториот дирек, кој со глава го совлада Талески, и со тоа донесе уште едно водство за стружани.
Се играше 91. минута откако по грешката на Сенгор, Малески се најде очи во очи со Талески, меѓутоа неговиот удар заврши за малку крај голот. Струга ТЛ беше сурово казнет веднаш, за две минути, откако Јанкулов одлично се снајде во шеснаесетникот и успеа да погоди за израмнување.
Во вториот меч во Кратово, Силекс уште во 9. минута со гол, успеа да дојде до бодовите против Тиквеш, и со тоа да стави крај на лошата мини серија од три порази по ред. Стрелец на единствениот гол беше Алиќ.
ПМФЛ, 9. КОЛО
ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 2-2
Мато 60′, Јанкулов 90’+2 – Шабани 19′, Компаоре 64′
СИЛЕКС – ТИКВЕШ 1-0
Алиќ 9′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

