Јанкулов: Знаевме дека после прв гол ќе биде полесно

Георгије Јанкулов по мечот Вардар – Ла Фиорита ги искажа своите импресии од натпреварот и победата од 3-0.

Тој рече дека првиот дел Вардар го одиграл под грч, и дека проблем бил само првиот гол, а потоа се било полесно.

„Прво полувреме одигравме под грч, не успеавме да го отвориме противникот, знаевме дека штом постигнеме први гол ќе биде полесно. Потоа успеавме да постигнеме уште два гола, можевме да постигнеме уште некој. Одиме на реваншот сега да ја одработиме задачата, и да се фокусираме кон второто коло“, изјави Јанкулов.

Се вчитува...