Јанта Волеј и Наковски Волеј во женското финале од Купот на Македонија

Одбојкарките на Јанта Волеј и на Наковски Волеј ќе ги одмерат силите во големото финале од Купот на Македонија во женска конкуренција, откако овие две екипи ги оправаа фаворитските улоги во денешните полуфинални пресметки.

Наковски Волеј за противник го имаше тимот на Фит Фан волеј, дебитантот на завршните турнири не успеа да ги замрси сметките на фаворитот и дуелот очекувано заврши со 3-0. Првиот сет беше и најубедлив, Наковски Волеј го доби со 25-14, во вториот противникот освои 21, а во третиот 18 поени.

Три сета се играа и во второто полуфинале, во кое Јанта Волеј со максимални 3-0 славеше над Работнички. Неизвесно беше само во првиот сет што Јанта го доби со 26-24, потоа Работнички беше прегазен во вториот сет со преубедливи 25-11, за третиот дел да заврши со конечни 25-19 за фаворитот.

Се вчитува...