Рубен Аморим во јануари добива огромно засилување на „Олд Трафорд“, пренесуваат англиските медиуми.
Манчестер јунајтед тргнува со сите сили по ангажман на нигерискиот репрезентативец Виктор Осимен кој во моментов од Наполи е на позајмица во Галатасарај.
„Нема никаков проблем околу позајмицата. Постои клаузула во договорот со која може да се раскине соработката“ – пренесуваат англиските медиуми.
Осимен изминатово лето влезе во судир со челниците на Наполи, па набрзо тренерот Антонио Конте го отпиша, а Нигериецот одби било каков трансфер. На крај одлучи да оди на позајмица во Галатасарај.
И игра одлично во Турција во редовите на шампионот. На 13 натпревари постигна 10 гола и запиша пет асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА