Јап Стам доби отказ во Синсинати

Холандскиот фудбалски стручњак Јап Стам (49) доби отказ од редовите на американскиот прволигаш Синсинати, објави денеска клубот.

Поранешниот холандски репрезентативец и член на Ајакс, Манчестер Јунајтед и Милан, го водеше Синсинати од мај 2020 година, а претходно беше тренер на Феенорд, Цволе, Ридинг и Јанг Ајакс.

„Веруваме дека промената на раководството е во најдобар интерес на клубот во моментов, а новиот генерален менаџер ќе ја води потрагата по нов тренер“, рече претседателот на Синсинати, Џеф Бердинг.

Синсинати се наоѓа на 13-то место во Источната конференција во МЛС лигата, а оствари само четири победи на 25 натпревари.

Се вчитува...