Јап Стам замина од клупата на Феенорд

Поранешниот холандски репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед, Јап Стам, поднесе оставка од тренерската позиција во Феенорд. По убедливиот пораз од Ајакс (4-0), Стам одлучи да ја напушти функцијата.

„Размислував многу за оваа одлука. На крајот решив дека најдобро за фудбалерите, за мене и за клубот во овој момент е да си заминам од тренерската позиција“, изјави Јап Стам.

Техничкиот директор на Феенорд, Сјак Трост истакна дека Стам имал поддршка од раководството за да продолжи со работа, но, сепак донел одлука за заминување. Клубот во најбрз можен рок ќе се потруди да ангажира нов стратег.

Феенорд во моментот се наоѓа на 12.позиција на табелата во холандското првенство и има 15 бода негатива во однос на лидерот Ајакс.

Се вчитува...