Јапонскиот бејзбол играч Шохеи Охтани, објави дека станува нов играч на Лос Анџелес Доџерс. Така се завршија шпекулациите околу тоа каде ќе ја продолжи кариерата, откако шест година беше во ЛА Енџелс.
И тоа не е некоја вест, особено што ако е познато дека бејзболот не е спорт број 1 во светот, но овој трансфер предизвика медиумско внимание со оглед на супербогатиот договор каков што нема ниту еден спортист на планетата. Според пишувања на ЕСПН, договорот е вреден 700 милиони долари. Но, потпишан е на 10 години.
За споредба, најголем договор имаше Лионел Меси во Барселона вреден 674 милиони долари во периодот од 2017 до 2021 година, а Роналдо има важечки договор во Ал Наср кој вреди 536,3 милиони долари. Поргугалецот го дели првото место со Бензема, и добиваат по 214 милиони долари годишно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

