Јапонец ќе биде првото засилување на Милан ова лето

По потврдувањето на учеството во Лигата на Шампиони во сезоната која следи Милан е на чекор да го осигура и првото засилување. Тоа треба да биде Даичи Камада кој ќе пристингне на „Сан Сиро“ од редовите на Ајнтрахт.

Јапонецот е мета на неколку европски гиганти, но според медиумите тој го одбрал Милан. „Росонерите“ и играчот од средниот ред веќе имаат усмен договор, а тој треба да пристигне како слободен играч.

Дваесетишестгодишниот Камада оваа сезона настапи на 32 натпревари во Бундеслигата на кои забележа 9 голови и 7 асистенции, а одигра и осум средби во Лигата на Шампиони на кои три пати ја затресе мрежата.

Се вчитува...