Јапонец во нападот на Гостивар

Новиот македонски фудбалски прволигаш Гостивар доби ново засилување во нападот откако го официјализираше трансферот на јапонскиот интернационалец Масаки Такахара.

Дваесетиседумгодишникот во македонското првенство доаѓа од Германија каде претходната сезона ги бранел боите на Туркугучу од Минхен. Покрај овој клуб бележи настапи за пет други клубови во тамошниот нисколигашки фудбал, а зад себе има искуство и во Шпанија и Јапонија.

Се вчитува...