Јапонецот Јузуру Ханју го освои 1.000 златен медал во историјата на ЗОИ

Јапонецот Јузуру Ханју си обезбеди специјално место во историјата на Зимските Олимписки Игри. Натпреварувачот во уметничко лизгање го освои 1.000.златен медал откако почнаа да се одржуваат ЗОИ во 1924 година. Тој ја одбрани титулата во индивидуална конкуренција и стана прв лизгач кој успеал да освои две последователни злата после Американецот Дик Батон во 1948 и во 1952 година.

„Ова е најубавиот ден во мојата кариера. Солзите ми течат директно од срцето. Ми доаѓа само еден збор, а тоа е – среќа“, изјави Јузуру Ханју по освојувањето на 1.000.златен медал во историјата на ЗОИ.

Првите Зимски Олимписки Игри се одржаа во Шамони, Франција, а првото злато го освои Американецот Чарлс Џетроу во дисциплината брзо лизгање на 500 метри.

 

 

Се вчитува...