Јапонецот кој направи чудо со Лестер става крај на кариерата

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Јапонија, Шинџи Оказаки, објави дека на крајот од сезоната ќе стави крај на својата играчка кариера, пренесува Би-би-си.

Оказаки моментално игра за белгиски Сент Труден чив член е од 2022 година, а сезонава поради голем број на проблеми со повреди одигра само седум натпревари.

„Дадов се од себе како фудбалер. Сега чувствувам дека ги достигнав моите граници“, напиша Оказаки на својот „Инстаграм“ профил.

Оказаки претходно играше за Шимица, Штутгарт, Мајнц, Лестер, Малага, Хуеска и Картагена. Тој ја освои титулата во Премиерлигата со Лестер во 2016 година. За јапонската репрезентација одигра 119 натпревари и постигна 50 голови, а со националниот тим го освои Азискиот куп во 2011 година.

Се вчитува...