Новак Ѓоковиќ е еден од најпопуларните спортисти во светот, а доказ за неговата големина е Јапонецот Лори Јошида. Тој инспириран од одличната 2011 година на Србинот, побарал од својот татко да се пресели во Србија. Тој му одговорил дека може тоа да го направи, но само доколку покаже вистинска страст. Јошида тоа го направил и следните четири години живеел во Панчево.
Таму аматерски се занимавал со тенис, учел српски и се надевал дека еден ден ќе го сретне својот идол. На крајот тоа му успеа, но не во Србија туку на турнирот во Токио.
„Го сакам Ѓоковиќ, многу го почитувам. Тој е легенда, сите Јапонци го сакаат“, изјави Јошида.
Ovaj momak me je totalno oduševio. Inspirisan mojom sezonom 2011 godine, pitao je oca da li može da ide da živi u Srbiju. Otac ga je pitao da mu pokaže strast… https://t.co/XfmMLNxs43 pic.twitter.com/6Yy9VYriEO
— Novak Djokovic (@DjokerNole) October 4, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА