Јапонија без првата ѕвезда на Мундобаскетот

Крилниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Руи Хачимура, нема да игра на претстојното Светско првенство на Филипините, Јапонија и Индонезија.

Така домаќинот Јапонија остана без својот најдобар играч. Хачимура е ограничен слободен агент и сака да се фокусира на својата НБА кариера ова лето.

„Тоа беше тешка одлука, но по минатата сезона и долгиот плеј-оф, решив мојата идна кариера во НБА-лигата да ми биде приоритет. Ќе се фокусирам на тренинзите и ќе го подготвам телото за следната сезона“, изјави 25-годишниот Хачимура.

На Олимписките игри во Токио, Хачимура имаше просек од 22,3 поени, 6,7 скока и две асистенции.

Светското првенство започнува на 25. август, а Јапонија е во група со Германија, Финска и Австралија.

Се вчитува...