Јапонија е хит на Светското првенство – Победа над Ангола за пласман во главната рунда

Јапонците одлично го отворија натпреварот во текот на целото прво полувреме го контролираа резултатот и на пауза заминаа со предност од 16-12. Во вториот дел Анголците во последните десет минути успеаја резултатски да се вратат во натпреварот и во последните три минути да влезат во егал 28-28. Сепак, Јапонците беа посконцентрирани во финишот и успеаја да стигнат до триумф од 30-29.

Ватанабе со седум гола беше прво име во таборот на јапонската репрезентација, додека кај Анголците се истакна Тати со шест гола. Во вториот натпревар од Ц групата во 18 часот Хрватска ќе се сретне со Катар.

Се вчитува...