Јапонија е првиот патник на СП 2026

Јапонските фудбалери станаа првата селекција што се квалификуваше за Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада.

На три кола пред крајот на азиските квалификации во групата Ц, Јапонија обезбеди пласман на Светското првенство со победата на домашен терен над Бахреин од 2-0.

„Самурајите“ поведоа со голот на Даичи Камада во 66. минута, а печат на победата стави Такефус Кубо на три минути пред крајот.

Избраниците на Хаџиме Моријасу сега имаат 19 бодови, девет повеќе од Австралија, а дури 13 пред Саудиска Арабија, Бахреин, Индонезија и Кина, кои веќе ни теоретски не можат да стигнат до нив на едно од првите две места во групата што водат директно на Мундијалот.

Се вчитува...