Јапонија ја доби Австралија па се чекираше заедно со Саудиска Арабија во Катар

Фудбалската репрезентација на Јапонија ја совлада Австралија на гостински терен со 0-2 и со тоа се пласираше на Светското првенство кое на крајот на годинава ќе се игра во Катар.

Јапонците во финишот на натпреварот успеаја да го урнат отпорот на домаќинот со двата гола на Митома во 89. и 94. минута.

Со оваа победа Јапонците и завршија работа и на Саудиска Арабија која е втората земја од групата Б во азиските квалификации која обезбеди пласман во Катар. Австралија ќе мора своето место на мундијалот да го бара преку бараж натпреварите.

Претходно од азискиот дел пласман на мундијалот обезбедија и Иран и Јужна Кореја во А групата.

Се вчитува...