Јапонија ја шокираше Шпанија за место во осминафинале, пирова победа на Германија

Јапонија и Шпанија се патниците во осминафиналето од групата „Е“ во разигрувањето за титула на Светското првенство во Катар по неверојатните натпревари од третата рунда проследени со фантастични втори 45. минути.

Шпанија и Германија имаа предност од 1-0 по првото полувреме, но двете репрезентации се најдоа пред елиминација откако Јапонија и Костарика успеаја да направат целосен пресврт. Јапонците предноста успеаја да ја задржат и да го потврдат своето место во следната фаза славејќи со 2-1, но не и Костариканците кои откако поведоа со 2-1 ја разлутеа „германската машина“ па преку Хаверц и Фулкруг, Европјаните успеаја да стигнат до свој пресврт за пирова победа од 2-4.

Во осминафиналето Шпанија ќе се сретне со Мароко, додека Јапонците ќе видат битка против светскиот вицешампион – Хрватска.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...