Јапонскиот фудбалер Џунја Ито, е отстранет од репрезентацијата на својата земја, во текот на Азискиот куп на Нации. Причината е поради тоа што е обвинет од две жени з сексуален напад, кој се случил минатото лето.
30-годишниот Ито е осомничен дека учествувал во сексуален напад на две жени во хотелот во Осака во јуни минатата година, а истиот ден играл за Јапонија против Перу.
„ФС Јапонија разбира дека вклучените страни имаат различни тврдења во врска со пријавените факти, но ние сме внимателни. Со оглед на неговата физичка и психолошка состојба, Фудбалскиот сојуз одлучи Ито да ја напушти репрезентацијата“, стои во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

