Јапонија, спаринг-партнер на ракометарите пред настапот на ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија ќе одигра две силни контролни средби на крајот од октомври и почетокот на ноември, во кои избраниците на Кире Лазаров за противник ќе ја имаат Јапонија.

Станува збор за исклучително квалитетна азиска селекција што редовно е дел од големите натпреварувања, воедно и репрезентација што инсистира на атомски брз ракомет, стил на игра што го преферира и селекторот Лазаров.

„Договорени се две средби со Јапонија што ќе се играат овде во Македонија, на 30 октомври и на 1 ноември. Во комуникација сме со селекторот Лазаров, во наредниот период треба да седнеме и да разговараме детално за неговиот предвиден план на подготовки за наредниот период, се со цел максимално подготвени да го дочекаме Европското првенство во Данска“, обелодени претседателот Стефанов.

Се вчитува...