Јапонската фудбалерка Куми Јокојама излезе во јавноста со признание дека е трансродово лице. Таа е репрезентативец кој моментално игра во Америка, и беше член на Франкфурт. Јокојама изјави дека нејзината девојка ја охрабрила да излезе во јавноста со фактот дека е трансродов маж.
Фудбалерката има 27 години, а на 20-годишна возраст е оперирана за промена на полот, и изјави дека ќе замине на повеќе операции кога ќе ја заврши професионалната кариера.
„Излегов со неколку жени и со текот на годините останав во плакарот во Јапонија. Во Јапонија, секогаш те прашуваат дали имаш момче, тука во САД ме прашуваат дали имам момче или девојка“, рече Куми во видеото на ‘ЈуТјуб’.
По својата кариера во Јапонија, каде играше за Окајама и Нагано, Куми помина една сезона во Франкфурт, потоа беше уште една година во Нагано, а од 2020 година е член на Вашингтон Спирит.
We support and are so proud of you Kumi💙🏳️⚧️Thank you for showing the world it’s ok to embrace who you are! https://t.co/Gi7btIAT7l
— Washington Spirit (@WashSpirit) June 19, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА