Јапонка на 109 години го носеше олимпискиот факел во пресрет на ЛОИ во Токио (ВИДЕО)

Кагава Шигеко, 109-годишната Јапонка денеска го носеше олимпискиот факел во пресрет на Летните Олимписки игри кои од 23 јули до 8 август треба да се одржат во Токио после едногодишно одложување во оваа пандемија од коронавирусот.

Шигеко придружувана од својата внука го носеше факелот како симбол на радоста и страста, а и остварување на сонот да се биде дел од олимпиското движење. Таа се запиша во историјата како највозрасна која го носела олимпискиот факел, уривајќи го рекордот на Бразилката Аида Мендеш која во пресрет на Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година го носеше факелот на 107-годишна возраст.

Но, идниот месец рекордот ќе биде повторно урнат зашто во план е најстариот човек на светот Кане Танака, кој има 117 години и е дел од гинисовата книга на рекорди, исто така да го носи факелот.

 

Се вчитува...