Јапонката Михо Такаги го освои златниот медал на 1000 метри брзо лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година. Јапонката до златниот медал стигна со време од 1:13.19 што е нов олимписки рекорд.
Сребрениот медал и припадна на Холанѓанката, Јута Лердам која на крајот доцнеше 69 стоти делови од секундата зад времето на златната Такаги. Првата фаворитка, Американката, Британи Боуви на крајот мораше да се задоволи само со бронзениот медал.
Медали беа доделени и во ски-кросот во слободно скијање кај дамите. Златниот медал и припадна на Швеѓанката, Сандра Нејслунд која во финалната трка заврши пред сребрената Мариеле Томпсон од Канада и бронзената Германка, Даниела Мајер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА