Јапонска работа: Медалите на ЛОИ во Токио од рециклирани мобилни телефони

Летните олимписки игри во Токио 2020 година ќе бидат посебни по многу работи, но и по медалите кои ќе ги добијат најдобрите спортисти на најголемиот планетарен собир. Организаторите се надеваат дека до крајот на март ќе соберат доволно застарени електронски уреди кои ќе ги искористат за производство на медалите за Олимписките игри и за Параолимписките игри во Токио.

До почетокот на ЛОИ остануваат нешто повеќе од 500 денови, а сите медали треба да бидат направени со рециклирање на мобилни телефони, дигитални фотоапарати и лаптопи. Организаторите истакнуваат дека очекуваните количини на злато, сребро и бронза со рециклирање ќе биде остварено до 31.март. Потребни се околу два тони злато, сребро и бронза за 5.000 олимписки медали. Дизајнот на медалите ќе биде објавен за неколку месеци.

Се вчитува...