Јапонски параолимпиец заврши во болница откако на пешачки премин го згази самоуправувачки автобус

Јапонскиот параолимписки џудист Арамитсу Китазоно заврши во болница откако во Параолимпиското село во Токио го згази самоуправувачки автобус додека поминувал на прешачки премин. 30-годишникот при ударот се здоби во повреда на главата и двете нозе. За среќа повредите не се сериозни па неговата рехабилитација се очекува за две до три недели, но за него настапот на Игрите е завршен.

Во моментот на инцидентот во возилото биле присутни два оператора и пет патници, но никој не бил повреден. Притоа операторите на полицијата и изјавиле дека биле свесни дека човек се наоѓа пред нив, но очекувале реакција од самоуправувачкиот автобус.

Автобусот е во производство на Тојота Моторс па од корпорацијата излегоа со соопштение во кое велат дека жалат за инцидентот.

„Многу ни е жал што несреќата загрижи многу луѓе. Истата ни покажа дека самоуправувачките возила се уште не се подготвени за нормалните услови на патот“, рече претседателот на Тојота, Акио Тојода.

Се вчитува...