Jапонскиот инструктор Сенсеи Коичиро Окума 7 дан, кој доаѓа од Токио од седиштето на Јапонската Карате Асоцијација, од денеска па до 13. ноември ќе одржи карате семинар во салите на Карате Клуб Работнички и Будо центарот Недеви во Скопје.
За сите љубители на карате спортот ќе одржи тренинг и во олимпискиот центар Јане Сандански каде ќе биде примен и од страна на претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет, Даниел Димевски.
Сенсеи Окума исто така по повод 13. Ноември ќе биде гостин и на Универзитетот Скопје каде ќе биде награден од страна на Ректорот, г-дин Аце Миленковски. Последниот ден од неговата посета Сенсеи Окума заедно со челниците на МТКФ, Венцислав и Дејан Недев ќе имаат прием и во Јапонската амбасада од страна на амбасадор г-дин. Касуја Отсука.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА