Андрес Иниеста се соочува со неочекувани проблеми откако јапонските власти решија да покренат истрага против шпанскиот фудбалер, кој се сомничи за неплаќање данок во перидот додека настапуваше во оваа земја.
Иниеста го носеше дресот на Висел Кобе во периодот од 2018 до 2023 заработувајќи огромна сума по одлуката по заминувањето од Барселона да се пресели томку во Јапонија. Сепак, државните власти пресметале дека Шпанецот за овој период и заработената сума требал да плати 3, 5 милиони евра на име данок, нешто што Иниеста не го сторил пред да си замине од „земјата на изгрејсонцето“.
Иниеста го напушти Висел Кобе по три освоени трофеи. Тој настапи на 134 средби за овој клуб, постигнувајќи 26 голови и 25 асистенции. Тој и на 39-годишна возраст се уште активно игра фудбал, како дел од тимот на Емирејтс кој се бори за опстанок во шампионатот на Обединетите Арапски Емирати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

