Јапонците им го „украдоа“ гимнастичкото екипно злато на Кинезите

Јапонците се освојувачи на екипното злато во гимнастика на Летните олимписки игри 2024 во Париз.

Се чинеше дека Кинезите ќе дојдат до првото место, водеа од самиот почеток, но во последната ротација доживеаја дебакл. На крајот мораа да се задоволат со сребро, додека бронзата им припадна на САД.

Најзаслужен за најсјајното одликување на Јапонија беше Даики Хашимото, додека трагичар за Кина беше Су Веиде.

Јапонија на крајот имаше 259.594 бода, Кинезите завршија со 259.062 бода а Американците запишаа 257.793 бода.

Се вчитува...