Јапонците конечно заиграа како што треба, за четвртфинале на Азискиот куп (ВИДЕО)

Јапонија се пласираше во четвртфиналето на Купот на Азија откако во осминафиналето на турнирот во Катар славеше со 3-1 против Бахреин.

По бледата игра во групната фаза, Јапонците конечно заиграа како што треба и лесно се пласираа меѓу осумте најдобри селекции во Азија.

Јапонија поведе во 31. минута, а Такефуса Кубо во 49. минута зголеми на 2-0. Бахреин намали на 2-1 со автоголот на Сузики во 64. минута, за да конечната победа од 3-1 ја завери Уеда во 72. минута.

Четирикратниот шампион на Азија во четвртфиналето го чека подобриот од пресметката меѓу Иран и Сирија.

Во останатите четвртфинални средби ќе играат Таџикистан – Јордан, Австралија – Јужна Кореја и Катар – Узбекистан.

Се вчитува...