Јапонците одлучија: ОИ во Токио дефинитивно без присуство на навивачи на трибините!

Олимписките Игри во Токио дефинитивно ќе се одржат без присуство на навивачи на трибините во спортските арени. Ова денеска го одлучија јапонските власти, како дел од мерките поради зголемениот број на заразени од коронавирус. Јапонија вчера објави вонредна состојба поради новиот бран на заразени, по што за да не се ризикува уште поголемо ширење беше решено сите спортски натпревари на ОИ да се одржат без публика на трибините.

Денеска беше одржан состанок меѓу челниците на ИОК, членовите на Организацискиот комитет на ОИ, како и највисоките лица од јапонската влада, по што беше донесена одлуката за забрана за присуство на навивачи. Ова е сериозен проблем ако се знае дека веќе се продадени вкупно три милиони влезници за сите натпреварувања, а дополнително ќе биде објавено кога и како ќе бидат вратени парите за овие билети.

Јапонија денеска објави дека има 2180 новозаразени, од кои над 900 се од Токио. Само 15% од вкупното населени е вакцинирано со две дози, поради што Јапонците стравуваат дека Олимписките Игри можат да предизвикаат корона-хаос во земјата.

Се вчитува...