Летните Олимписки Игри кои од јули годинава беа префрлени за јули следната година поради светската криза со пандемијата на коронавирусот веројатно нема да ја имаат спектакуларната форма што била во почетната замисла на јапонските организатори.
Ќе мора да се крати на многу работи, организаторот објави дека работи на повеќе од 200 идеи за Игрите да бидат поедноставени и за да бидат намалени трошоците. Се размислува и за намалување на бројката на присутни гледачи. Термините за натпреварувањата засега остануваат непроменети. Организаторот не размислува за опцијата за комплетно откажување на Игрите.
„Да не шпекулираме со хипотетичка ситуација или исценарио. Нашите насоки со откажувањето како опција во овој момент да не ги земаме в предвид“ – изјави претседателот на Организацискиот комитет на Игрите во Токио, Тоширо Муто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА