Јапонија со 4-2 славеше против Парагвај во последната своја контрола пред настапот на Светското првенство во Русија.
Во натпревар со две различни полувремиња први до предност дојдоа Парагвајците со голот на Ромеро во 32. минута… Но, во вториот дел следеше целосен пресврт.
Најпрво во 51. минута израмни Инуи, а во 63. минута истиот фудбалер зголеми на 2-1.
До 3-1 Јапонија дојде со автоголот на Сантандер во 77. минута, а откако Парагвај намали преку Ортиз во 91. минута, во 92. минута Кагава ги постави конечните 4-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА