Огњен Јарамаз е еден од многуте кошаркари кои летово си заминаа од Партизан, но српскиот плејмејкер е меѓу последните кои си најдоа нов клупски ангажман откако денеска потпиша договор со Басконија.
Пред два месеца беше објавено дека Јарамаз ги има договорено деталите за соработка со ЦСКА Москва, но тој трансфер никогаш не беше oфицијализиран. Рускиот гигант во меѓувреме на таа позиција го потпиша Алекса Аврамовиќ, по што Јарамаз извесно време преговараше со неколку клубови, за на крајот да ја прифати понудата на Басконија.
Српскиот репрезентативец беше најавен како големо засилување за Партизан по трансферот од Баерн Минхен, но никогаш не ги оправда очекувањата. Тој ретко добиваше шанса од тренерот Жељко Обрадовиќ, па сезоната ја заврши со потпросечни 3,2 поении 1,5 асистенции по натпревар за 12,8 минути игра во Евролигата.
✍️🧠 Ognjen Jaramaz completa la dirección de juego de Baskonia
Welcome, Ognjen!! #GoazenBaskonia pic.twitter.com/UH7JTGp0ze
— Baskonia (@Baskonia) August 27, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА