Капитенот на Украина, Андреј Јармоленко не криеше по синоќешниот натпревар дека неговата селекција не одиграла посакуван натпревар, но на крај со малку среќа дошла до посакуваната победа.
Според, Јармоленко не победува секогаш во фудбалот подобриот, и овој пат е добро што било така во Скопје.
„Македонија е навистина сериозна репрезентација. Го знаевме тоа, и го покажа уште еднаш на терен. Одиграа еден одличен меч. Тоа е фудбалот некогаш играш добро и победуваш, некогаш и со послаба игра победуваш“ – изјави Јармоленко по синоќешниот дуел на „Тодор Проески“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА