Борусија Дортмунд експресно го пронајде наследникот на Осман Дембеле, ангажирајќи го во своите редови Андреј Јармоленко.
Најдобриот украински фудбалер со години наназад е лидер на Динамо Киев, клуб во кој остануваше и покрај интересот на бројни екипи ширум Европа. Сепак, овојпат ситуацијата имаше поинаков епилог, Динамо ја прифати понудата од 25 милиони евра на германскиот клуб, по што Јармоленко во текот на денешниот ден се спакувал и отпатувал за Дортмунд.
Станува збор за крилен офанзивец чија главна одлика е извонредната техничка, така што сигурно без проблеми ќе се адаптира во новата средина. Јармоленко во текот на утрешниот ден би требало да го потпише договорот со Борусија Дортмунд, а дебито за новиот клуб ќе го има по паузата поради репрезентативни настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА