Јармоленко трагичар, Велс по 64 години повторно на Светско првенство (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Велс е последниот европски патник на Светското првенство кое на крајот на годината ќе се игра во Катар. Велшаните во финалето од баражот во европските квалификации славеа на домашен терен над Украина со минимални 1-0.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 34. минута кога по ударот на Герет Бејл од слободен удар топката ја зафати Јармоленко кој си постигна автогол кој на крајот се покажа како доволен за победа на Велшаните од 1-0.

Велс по 64 години се враќа на Светските првенства, откако единствениот настап досега го имаа на шампионатот 1958 година кој се играше во Шведска каде Велс стигна до четвртфиналето и го освои шестото место.

Велс на мундијалот во Катар ќе се најде во групата Б заедно со репрезентациите на Англија, САД и Иран.

 

Се вчитува...