Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 15 часот ќе се сретне со вториот противник на Европското првенство 2020, репрезентацијата на Украина. Македонија и Украина загубија во првото коло од натпреварувањето, па оваа победа ќе биде од огромно значење за двете репрезентации.
Фаворитската улога е за Украинците, но во таборот на оваа репрезентација владее претпазливост за мечот. Како што вели доскорешениот фубалер на Вест Хем, Андриј Јармоленко, на вакви турнири нема слаби репрезентации.
„Веќе го анализиравме првиот натпревар со стручниот штаб. Ни беа посочени добрите моменти и грешките. За вториот натпревар се подготвуваме со позитива, разбираме дека сега како никогаш порано, мора да бидеме заедно. Се е добро, работиме, ги слушаме тренерите. Ќе ни биде кажано како да играме против Македонија. Ќе излеземе на терен и ќе си ја завршиме работата. Сакам да верувам дека добро тоа ќе го направиме. Нема слаби тимови на вакви турнири. Сите се подготвуваат за сериозна игра, за битка. Мислам дека и Македонците не сакаат да загубат. Ќе се прилагодиме на добра борба, ќе се обидеме да победиме“, изјави Андриј Јармоленко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА