„Јас секогаш го бирав Федерер, а брат ми Ѓоковиќ“

Италијанскиот тенисер Матео Беретини проговори за љубовта кон тенисот и неговите почетоци.

Беретини сега има 28 години и зад себе има едно гранд-слем финале. Тој откри дека кога биле помлади најчесто тој и неговиот брат се делеле на Ѓоковиќ и Федерер.

„Почнав да играм тенис кога имав три години и се сеќавам дека не ми се допаѓаше, но се вратив кога имав осум години бидејќи брат ми ме убедуваше. Игравме со часови – и дома, со балони, со какви било рекети, едноставно се забавувавме. Кога пораснавме најчесто јас бев Федерер, а мојот брат беше Ѓоковиќ“, рече Беретини.

Се вчитува...