Успехот во обложувањето во голема мера се должи на среќата, а најдобро некогаш минуваат оние среќници кои не знаат премногу за спортот, туку типуваат по претчувство.
Еден од нив е и еден наставник од Њујорк, кој реши да ја вложи целата животна заштеда на пласман на Мароко во четвртфиналето. Мароканците беа аутсајдери против Шпанија, но наставникот реши да оди на среќа.
„Имав собрано 90.818 долари на мојата сметка и решив сите да ги ставам на пласман на Мароко. Искрено, не бев нервозен, не ја ни гледав средбата на ТВ, само одвреме навреме го погледнував телефонот за да го проверам резултатот. Да бидам искрен, не знам ниту еден фудбалер на Мароко, но одев на претчуство. Знам, ќе помислите дека сум дегенерик што ставив толку пари на такво нешто и најверојатно сте во право, но исто така јас добив над половина милион долари на тој облог“, се пофали големиот добитник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА