„Јас сум некоја друга сорта“ – Златан импресионира со изгледот

Златан Ибрахимовиќ неодамна го оперираше коленото и го очекува долга пауза од фудбалските терени, но Ибракадабра изгледа феноменално, како што можеше да се забележи од фотографијата што денеска ја објави на својот инстаграм профил.

„Друга сорта“, напиша Златан крај фотографијата на која можат да му позавидат илјадници и илјадници професионални спортисти.

Со вакво тело, јасно е зошто Ибрахимовиќ се надева и на побрза рехабилитација по повредата и реши да не се пензионира по еден таков сериозен здравствен проблем, нешто што би го направиле многумина.

Сепак, Златан навистина е некоја друга, посебна сорта.

Се вчитува...