„Јас сум војник на својата држава“ – Кире Лазаров го игра последниот меч за Македонија

Македонија вечерва го игра реваншот од бараж двомечот со Чешка за пласман на СП 2023, дуел што ќе остане запамеетен како последен во репрезентативните кариери на Кире Лазаров и на Филип Миркуловски.

Кире Лазаров веќе една година паралелно ги извршува селекторската и играчката улога, но вечерва за последен пат ќе го облече црвено-жолтиот дрес на Македонија, со надеж дека ќе ја одведе националната селекција на уште едно големо натпреварување.

„Јавна тајна“ е дека на почетоците на кариерата Лазаров добиваше „непристојни понуди“ да се откаже од Македонија и да заигра за Унгарија и за Хрватска, но Кире секогаш остана верен на татковината.

„Јас сум војник на својата држава. Благодарен сум на семејството и на Господ што љубовта кон мојата земја можам да ја покажам на начин на кој најубаво умеам, работејќи ја работата што најмногу ја сакам. Сите признанија шти ви ги носат клубовите одат на една страна. Парите? Парите се трошат. Герфлор и светлосните ефекти од светските арени се пакуваат во камиони уште истата вечер. Се она што сте го дале и добиле од својот народ, е многу повеќе. Чувството дека некого сте го правеле среќен толку години, што сте им го разубавиле животот макар за момент или два, тоа не се опишува и затоа нема ни да пробувам“, вели Лазаров во својата автобиографска книга „Секогаш на победа“.

Првиот официјален меч на кој Кире Лазаров настапи за македонската репрезентација е дуелот со Белгија од 23 септември 1998 година, кога „црвено-жолтите“ славеа со убедливи 29-15 и се пласираа на СП во Египет.

Нецели 24 години подоцна, тој вечерва за пследен пат ќе ја предводи Македонија на теренот… а сигурно ќе продолжи уште долго како селектор.

Се вчитува...